Генералниот секретар на Владата Драги Рашковски јавно се заканува дека ќе покрене соодветна постапка против новинарот што ја објави аферата МНАВ и против човекот што го снимил разговорот, објави порталот lider.com.mk.
По сугестија на негов пријател дека новинарите што ја отвориле аферата лажат и треба “да го јадат” Рашковски најавува дека ќе следува постапка.
“Драги Рашковски јас незнам зошто ги молите, па ако намерно што е очигледно пласираат лажни вести, нека го јадат, па недопустливо е без факти да се пласираат вести. Срамота за новинарската фела. Мене ми е чудно како неговите колеги не го плескаат по медиуми, како што знаат да јадат слатки за други. И после сме имале новинарство, срамота. А ви препорачувам да си ги помените законите, кој пишува лажни вести да му се одземе лиценцата”, пишува пријател на генералниот секретар на неговиот профил на Фејсбук на што Рашковски одговара:
“Секако дека ќе следи соодветна постапка и против снимателот и новинарот”.
Во петокот нивинарот и колумнист на expres.mk Горан Момироски објави транскрипт и аудио разговор меѓу тројца функционери кои договараат италијанска компанија да добие тендер вреден 7 милиони евра финансиран од ЕБРД.
,,Генсекот” на Заев договара спорен тендер вреден 7 милиони евра (АУДИО+ТРАНСКРИПТ)





