Рашковски осомничен за криминал тежок 170.000 евра

Поранешниот ген-сек на Владата и до пред два дена секретар во кабинетот на Зоран Заев е обвинет дека ја злоупотребил службената положба и овластување и го оштетил буџетот во вкупен износ од 11.018.321 денари, односно 178.868 евра.



Според Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција Рашковски со умисла извршил три временски поврзани дејствија, што претставуваат повеќекратно остварување на кривично дело, јавува Плусинфо.

Тој, кривичното дело го извршил во периодот од  јануари 2019 година до јули 2020 година, како службено лице, а му помогнале уште други тројца кои исто така се осомничени.

ПОВЕЌЕ