Поранешниот владин генерален секретар а сега секретар во кабинетот на премиерот Заев, Драги Рашковски за МВР набавил опрема многу слична на таа што ја измислил иноваторот Рашковски Драги?
Новиот скандал што ја тресе власта на Зоран Заев а е поврзан со неговиот близок соработник Драги Рашковски добива нови елементи откако предходно се појави информација дека е набавен систем за МВР, кој што и по осум месеци се уште не се користи.
Од МВР најавуваат дека воопшто немаат намера да го користат а поранешниот технички министер Наќе Чулев вели дека тоа воопшто не е можно затоа што системот што го набавил Рашковски не е компатибилен со тој на полицијата.
Зоран Заев денеска побрза да го амнестира својот струмички сограѓанин и најблизок соработник во јавноста, изјавувајќи дека никој во владата не се сомнева во поранешниот генерален секретар Драги Рашковски.
Сепак антикорупциската комисија отвори случај за оваа набавка на Рашковски.
Тоа што сега ќе мора да го истражи Антикорупциската комисија покрај оправданоста и тендерската процедура е и чиј е производот што го набавил Рашковски.
Оваа потреба се наметнува откако истражувањето на expres.mk утврди дека самиот Рашковски на почетокот на јануари оваа година преку фејсбук се пофалил со диплома, златен медал за иновација.
Внимателно читање на дипломата покажува дека се работи за речиси идентичен систем за контрола и санкционирање на сообраќајни прекршоци каков што Рашковски набавил во име на владата и МВР.

Ако се побара на интернет за каква иновација е награден Рашковски, всушност станува збор за интегриран хардвер и софтвер систем, односно систем со иста намена за која што била направена и набавката од генералниот секретаријат под раководство на Рашковски.

Рашковски ја пријавил својата иновација како систем од хардвер и софтвер кој што е наменет за мерење на просечната брзина на возилата, работи на соларна енергија, а е поврзан со ГПС.
Системот е дизајниран да ги чита табличките на возилата во моментот кога минуваат, ја мери брзината на изминатата рута по што системот измислен од Рашковски генерира казна за возачот на возилото.

Според документот во кој е наведен и датум, а тоа е февруари 2020 година, можно да станува збор за датум за поднесување на апликацијата за натпреварот кој што се одржал во октомври, лани.
Во истиот тој месец Рашковски набавил слична опрема наводно за МВР.
Поради сличноста на набавката и системот што го измислил Антикорупциската комисија ќе мора да истражи и да расчисти дали генералниот секретар Рашковски, го набавил системот кој што МВР не го користи, од иноваторот Драги, инаку еден од најблиските соработници на премиерот Заев?
Што набавил Рашковски според договорот

Повеќе за набавениот систем за МВР
Нов чуден тендер на Рашковски, дел од „струмичката врска“ (ВИДЕО)
Реакцијата на екс министерот Наќе Чулев
Рашковски во небрано: Набавувал паралелно со надградбата на системот во МВР






