Поранешниот генерален секретар на Владата и најблизок соработник на премиерот Заев, Драги Рашковски барал денеска да биде гостин во емисијата “Само интервју” на Канал 5.
Пред десетина дена оваа информација за барањето на Рашковски ја објави телевизијата која најави дека по минатонеделното интервју на Заев овој петок во емисијата ќе учествува Драги Рашковски.
Сепак денеска Канал 5 како гостин во Само интервју го најавува министерот за здравство Венко Филипче.
Од телевизијата не објаснуваат зошто Рашковски, иако сам барал, денеска нема да биде интервјуиран.
Утринава обвинителите влегоа во домот на Рашковски и во фирмата која го продавала софтверот вреден 80 илјади евра и кој не го користи никој а кој е идентичен на софтверот за кој Рашковски се пофали дека добил награда за иновација.
⚠️Вечер во Само Интервју, според најавата на Канал 5, ќе гостува Драги Рашковски, па ќе биде интересно да чуеме како поминал во Мексико, информации за случајот Софтвер и претресот на ОЈО⚠️ pic.twitter.com/rWxunBU2cI
— MITE NAJDOFF (@Kalabalak_) April 9, 2021






