Антикорупциска комисија денеска, по допрен глас, отвори предмет за набавката на радарската опрема во М-НАВ,  за да ја испита инволвираноста на генералниот секретар на владата, Драги Рашковски, во тендерот на италијанската фирма Леонардо, потврди претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.



Антикорупционерите ќе треба да испитаат дали Рашковски навистина имал задолжение од владата да разговара за тендерот и дали законски тој преговарал со претставниците на италијанската компанија.

Рашковски на прес конференција изјави дека не чувствува одговорност и дека нема да поднесе оставка затоа што ги исполнувал задолженијата дадени од владата.