„Македонија е моја држава, јас сум дома и ова е мој народ. Нема да дозволам никој да го обележи мојот народ како антисеминистички. Јас сум растена во средина во соживот и со Македонци, и со Албанци, Турци, Срби, Бошњаци и луѓе од различни етнички, национални и верски припадности. Никогаш тоа не било прашање, никогаш не ми се поставило прашањето на моето име. Конечно на ниеден од јавните личности во политиката не се постави прашањето од која национална, етничка или верска припадност се.



Дали ќе бев обележана ако бев Србинка, Турчинка, Влаинка…“ праша техничката министерка за труд и социјала Рашела Мизрахи, во врска со навредите на социјалните мрежи.

Таа рече дека нејзината татковина е Република Македонија, а овој народ е нејзин народ.

„И нема да дозволам никој да го обележи како антисемитски“ вели Рашела Мизрахи.

Таа уште додаде дека за време на Втората светска војна 83 членови од нејзината фамилија биле однесени во Треблинка и убиени.

Името го носела по нејзината тетка која имала иста судбина…