На чело на Илинденскара коњица која во чест на Илинден секоја година тргнува кон Крушево годинава е пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ и екс министерката за труд и социјална работа Рашела Мизрахи.
Таа го јава првиот коњ што од селото Зубивце годинава тргна кон Крушево каде преку маршутата која минува низ десетици населени места треба да стигне пред големиот празник Илинден во Крушево, местото каде пред 117 години е формирана првата Република на Балканот.
“Во чест на Илинден заедно со коњаницата „Бигорски Манастир – Патот на црешовото топче“ тргнавме од Зубовце до славното Крушево.
Да ги пренесуваме спомените за славните Илинденци и како се сака Македонија.
Голема е честа да ја предводам и нека ни е лесен патот низ македонските планини до Мечкин Камен!”, напиша Мизрахи во објавата до јавноста.
Мизрахи беше сменета од својата позиција технички министер за труд и социјала откако СДСМ ја обвини дека се сликала пред табла со името Република Македонија.
Најчитана вест
Допрва ќе биде интересно во Македонија
Новинарката што објави за милионите на Мијалков најавува нови слични стории






