Единицата за прв одговор „Алфа“ е расформирана и ќе биде споена со единицата за Јавен ред и мир , потврди на прес-конференција министерот Оливер Спасовски.
Одговарајќи на новинарско прашање министерот рече дека се прави нова реорганизација во МВР и дека овие две единици ќе работат како посебна интервентна единица.
„Точно е дека се прави реорганизација во МВР. Единицата „Алфа“ и единицата за јавен ред и мир сега се спојуваат во една единица која ќе работи како интервентна единица“, рече министерот Оливер Спасовски.
За тоа кој ќе раководи со новата интервента единица ќе се знае до петок.

„Алфите“ беа формирани во 2005 година и беа посебна интервентна полициска единица под надлежност на министерството чија основна намена беше борбата против уличниот криминал.
Од 2014 година „Алфите“ беа во рамките на Секторот за внатрешни работии Скопје и беше оперативна само во Скопје.





