„Македонија и Македонците во Библијата“ е најновата книга на еминентниот универзитетски професор д-р Ратомир Грозданоски од Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје.
Професорот Грозданоски, опишувајќи што всушност е книгата, вели дека ова е ЕВАНГЕЛИЕ за секој македонски дом и за нашето поколение.
“За да си ја знаеме библиската вистина за нас. Да го знаеме нашето библиско име и на други да кажуваме. Еве го Божјиот збор за МАКЕДОНИЈА и МАКЕДОНЦИТЕ, запишани во Библијата. Божјо сведоштво! Божја вистина!”, вели професорот Грозданоски.
“Не еднаш, туку скоро триесетпати е запишано; не е неважно и непотребно, туку со особено значење и не е отпосле додадено, туку е во библискиот текст од секогаш до денес ‒ го има и во најстарите и во најновите Библии, на најстарите и најсовремените јазици”, пишува во предговорот на книгата.
Извор: религија.мк





