Рано е да се каже дали учебната година ќе почне навреме

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека сега е многу рано да се каже дали ќе има одложување на почетокот на новата учебна година.



Почетокот на школската година, вели, ќе зависи од повеќе фактори, а најмногу ќе зависи од емидемилошката ситуација, генерално во земјава.

„Во секој случај тоа што е најбитно е дека интензивно се врши вакцинација на наставниците и оти се спремни сите сценарија за почеток на школската година“, изјави Филипче.