Сопственикот на радио Бубамара, јавно го обвини градоначалникот на скопската општина Карпош дека детските игралишта во Општинатсе крајно небезбедни.
„Безбедноста на детските игралишта во Општина Карпош и Скопје е на најниско ниво. Општина Карпош и Стефан потрошиле околу 500.000 евра за одржување на спортски и детски игралишта во изминативе 4 години, а игралиштата личат на археолошко наоѓалиште со сите рѓосани и промашени реквизити кои се поставувани во периодот од Стефче до Стефан. Жално е да се трошат и расфрлаат големи пари , а да се нема барем малку љубов и одговорност кон децата и нивната безбедност.
Ставаат нови реквизити, а старите исечени делови ги оставаат да рѓосуваат во песокот, не прикажуваат сметки колку е потрошено за кој реквизит, гаранција, одговорност ни увид за безбедност на игралиштата. Фотографиите се од населба Трнодол “.
Според него, чудно е како приватните училишта и игротеки имаат поубави и побезбедни игралишта од оние , како што вели прескапо платени општински оази за детска игра.
Петровиќ за „Фактор“ изјави дека општинарите се фалат оти дали огромни пари за одржување на игралиштата, но тој смета дека состојбата е ризична и тие не се безбедни за децата.







