Ранѓеловиќ: Бугарија предизвика вештачка криза и можеби засекогаш ја губи битката за Македонија, која е пак на вистинската страна на историјата

„Се наоѓаме во вештачка криза, испровоцирана од официјална Софија, заради која се остваруваат инцидентите во изминатиов период.’ – вели аналитичарот Иво Ранѓеловиќ за последните случувања во врска со чествувањето на роденденот на револуционерот Гоце Делчев.“ – објави „Слободен печат“ во својата анализа со наслов „Ранѓеловиќ: Софија испровоцира вештачка криза во својата битка за Македонија и повторно греши“.

Покрај другото, „Слободен печат“ пишува: „Политичката криза и странските влијанија во Бугарија дополнително ја продлабочуваат таа криза. Со ваквите случувања Бугарија можеби засекогаш ја губи битката за Македонија, што и да значи тоа во настанувањето на проблемот. Македонското општество е огорчено од крајно нецивилизираната политика на Софија, не само кон македонската политика, туку и кон општеството. Недоразбирањата се апсурдни: Бугарија е единствената земја, која го чествува Гоце Делчев, македонски сепаратист, кој се борел за Македонија издвоена од Бугарија.“ – вели Ранѓеловиќ.

Тој нагласува дека сите политички и општествени субјекти во Македонија се сложни во ставот кон оваа криза. „Со тоа Македонија уште еднаш се поставува на вистинската страна на историјата, а Бугарија повторно греши.“ – констатира Ранѓеловиќ.

Бугарија реагираше што на дел од бугарските граѓани не им беше овозможен влез во Македонија за чествувањето во саботата во црквата „Свети Спас“ во Скопје, поради пад на системот и затоа што тројца Бугари беа уапсени, па казнети и протерани откако ја провцираа граничната полиција. Со тие постапки, спред бугарското МНР, македонската вчлада покажала непочитување и ги понижила Бугарија и бугарскиот народ. Бугарскиот заменик-министер за надворешни работи Костадин Коџабашев утрово повтори дека Софија не размислува за вето на преговорите на Македонија за членство во ЕУ, затоа што преговорите не ни почнале, а ќе почнат откако Бугарите ќе влезат во македонскиот Устав.