„Нема да си дадам оставка како пратеник, затоа што јас сум добила мандат од граѓаните. Јас ќе функционирам во рамки на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и нема да гласам за уставните измени“, изјави пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова во вечерашното гостување на телевизија 24.
Рангелова вели дека е разочарана што таа и други кои гласале на референдумот биле „масакрирани денот на гласањето на референдумот ние што излеговме да гласаме дочекавме да бидеме масакрирани и тоа од ботови кои се наоѓаат во штабот на ВМРО-ДПМНЕ“.
Пратеничката, вчера си даде оставка на функцијата претседател на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ. Во гостувањето на телевизија 24 изјави дека се срами од чинот на шиканирање и обележување на пратениците кои гласаа за потребата од уставни измени со тоа што останатите пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во моментот на гласање станаа од столчињата.





