Оркестарот „No Borders Orchestra“ (NBO) кој брои над 20 врвни музичари од регионот, во кој свират македонски инструменталисти,
годинава нема да настапи на Охридско лето.
NBO (Оркестар без граници) е симфониски оркестар составен од врвни професионални музичари од Западен Балкан а во чија програма има и музика од македонската композиторка Дарија Андовска.
Од NBO тврдат дека станува збор за непринципиелен однос од с организаторите на Охридско лето, па дури и личен анимозитет кон композиторката Андовска, која е позната по своите критички ставови кои редовно ги објавува.
„За мене, како македонска композиторка, поразително е што токму дома, во Македонија, не сум пожелна, иако мојата биографија зборува доволно за тоа како сум третирана на светските сцени. Првпат и единствено во Македонија се бара од програмата да биде отстранета мојата композиција поради личен и неоснован антагонизам, што е повеќе од скандалозно“ вели Андовска.
Наташа Поповиќ, директорката на Охридско лето, за Фактор негира дека NBO нема да настапи поради личен аномозитет кон Андовск.
„Никаков анимозитет кон Дарија, која воопшто не ја ни познавам, а уште помалку беше испратена понуда од NBO за нивниот проект. Како и да е, програмата е затворена за овогодинешното фестивалско издание на Охридско лето“ одговори Поповиќ на прашањата на „Фактор“.





