Рамковните ќе добијат работа!?

Рамковно „вработените“ во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците ќе се распоредуваат преку закон. Владата на вчерашната седница утврдила предлог-закон за преземање на административни службеници вработени преку Програмата за соодветна и правична застапеност, јави 360 степени.



Во јули годинава порталот СакамДаКажам  објави дека во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, формирано лани во јуни, има 1.517 вработени кои не одат на работа ниту пак имаат простории.

Ќе се распоредат околу 1.300 лица во државните и органите на локалната власт агенции, фондови, јавни установи и претпријатија од областа на образованието, науката, здравството, културата, социјалната заштита, спортот итн.