Рамковни вработувања во Прилеп, во кој живее 21 Албанец

Во Прилеп, во кој од 66.246 жители Албанци се 21 или 0,03 проценти наспроти 61.320 или 92,56 отсто Македонци, во тек е постапка за вработување четири лица според Рамковниот договор.



Три лица од соседната општина Долнени ќе бидат вработени во прилепскиот Меѓуопштински центар за социјална работа, а едно лице во Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање.

Тие треба да почнат со работа за два месеца, за Алфа ТВ потврди директорот на Центарот, Дејан Тошески.

Меѓуопштинскиот центар за социјални работи во Прилеп се најде во центарот на вниманието и пред една година, кога беше искршена новопоставената двојазична табла на македонски и на албански.