Градоначалникот на Општина Струга, Рамиз Мерко е позитивен на Ковид-19 и e хоспитализиран Инфективната клиника во Скопје. Мерко синоќа сам заминал во Скопје и по извршениот преглед бил примен на Клиниката за инфективни болести.
Неговите блиски соработници од општина Струга информираат дека засега Мерко нема пројавено тешки симптоми на вирусот и дека изминатиот период немал контакт со вработените од општината, бидејќи користел годишен одмор.
Во Струга вчера беа регистрирани двајца новозаразени со коронавирус, а во Оптината активни случаи се 142, додека вкупниот број заразени во Струга од почетокот на пандемијата е 547.





