„Убедени сме дека со Мерко ќе победиме и ќе продолжи успешно да менаџира со Струга затоа што тоа го бараат и граѓаните“ изјави денеска вицепремиерот Артан Груби кој соопшти дека актуелниот градаоначалник на Струга е кандидат на ДУИ за уште еден мандат.
„Уште еднаш ќе извојуваме победа. Ова, не само благодарение на сите овие јубилеи, туку и благодарение на работата што Рамиз ја заврши заедно со тимот, заедно со сите вас кои сте тука на панелот за трансформација на Струга. Нема патишта, нема булевари во Струга каде што не се работи. Нема проект што не се реализира.
Нема проект со кој тој аплицирал до Владата да биде одбиен“, рече Груби.







