Рамчиловиќ заминува како амбасадор во Црна Гора

На Зеќир Рамчиловиќ му престанува пратеничкиот мандат бидејќи заминува за амбасадор во Црна Гора, констатира претседателот на Собранието Талат Џафери на денешната собраниска седница.



Тој информира дека за престанокот на мандатот на Рамчиловиќ, Собранието ќе ја извести Државната изборна комисија за таа да го предложи следдниот пратеник.

Рамчиловиќ на изборите настапи на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата, за потоа да стане независен пратеник.