„Надежта и желбата на Албанците да изградат подобра иднина без ДУИ на власт се посилни отколку притисокот и трговијата што ја врши ДУИ, за да остане на власт. Веќе десет години албанските гласачи се обидуваат да ги испратат интегристите во опозиција.“ – вели Лиридон Рамадани во својата колумна со наслов „Волјата за промена не може да се предаде пред притисоците на трговците“, која ја објавија информативниот портал „ин7“ и некои други медиуми на албански јазик.
Рамадани пишува: „Речиси една декада волјата за промена на Албанците во Македонија била јасна, но секогаш била i деформирана на масата на пазарењата на ДУИ. Албанците цела деценија сакаа ДУИ да биде во опозиција и ова го материјализираа со гласањето, поддржувајќи ги партиите, кои имаат за цел уривање на интегристите од власта. Ова, всушност, ја претставува волјата на Албанците.“
„Секоја албанска партија го барала гласот и добивала поддршка за испраќање на ДУИ во опозиција. Дури, и сегашниот ‘портпарол’ на ДУИ Мендух Тачи ги добивал гласовите на албанското бирачко тело во име на испраќање на интегристите во опозиција. Од оваа голема желба на Албанците профитираше и македонската партија СДСМ, која доби повеќе од 60 илјади албански гласови, со ветување дека партијата што владееше заедно со режимот на Груевски – ДУИ, не само што ќе замине во опозиција, туку и ќе даде отчет за злоупотребите, кои ги направи во текот на своето 10 – годишно владеење.“
„Со обична математика на албанските гласови во двата последни изборни процеса можеме да аргументираме дека волјата на албанскиот етникум е интегристите дефинитивно да заминат од власта. Во 2016 година на парламентарните избори 125 илјади Албанци гласале во полза на опозициските партии, додека 86 илјади албански гласачи ја изразиле својата ‘желба’ ДУИ да продолжи да сонува да биде на власт. Во 20210 година на предвремените парламентарни избори 140 илјади Албанци гласале интегристите за одат во опозиција, додека 104 илјади бирачи изразиле желба таа да остане на власт.“
„Распарченоста на албанската опозиција, што често пати било потикнато од ДУИ, беше причината, поради која никогаш не се оствари нивната волја за промени. Ова придонесе ДУИ да биде во власта толку долго време. Некои ‘независни аналитичари’ тврдат дека интегристите се на власт, затоа што ги сака народот. Реалноста е поинаква од она што го кажуваат овие ‘независни аналитичари“.
„Затоа, за албанските опозициски субјекти обврска е нивно обединување и испраќање на ДУИ во опозиција, бидејќи тоа е волјата на народот. Надежта и желбата на Албанците да изградат подобра иднина без ДУИ на власт се посилни отколку притисокот и трговијата што ја врши ДУИ, за да остане на власт.“






