„Ситуацијата меѓу Украина и Русија би влијаела врз Косово во зависност од успехот на Путин, бидејќи во овој случај би се зголемиле апетитите на Србија, за да дејствува на Косово.’ – ова е оценката на политичкиот аналитичар Исмет Рамадани, кој подвлекува дека сепак тоа не ја става во голема опасност оваа земја, оти е под воен протекторат на НАТО. Тој подвлече дека во оваа ситуација и Македонија има среќа што е членка на НАТО.“ – објави ТВ Клан Македонија во својата информација со наслов „Рамадани: Путин не може долго да оди со оваа офанзива“.
ТВ Клан Македонија ја пренесува изјавата на Рамадани: „Влијанието во Косово ќе зависи од тоа колку ќе биде успешен Путин во Украина. Ако тој победи, тогаш ќе се зголемат апетитите на Србија, за да дејствува на Косово. Затоа, може да има импликации и овие работи треба да се поврзат. Но, штом е под воениот протекторат на КФОР и НАТО, Косово не може да биде многу загрозено. Не е многу загрозена ниту Македонија и таа има среќа, што е членка на НАТО во ваквата ситуација.“





