По инцидентот во текот на емисијата „Само вистина“ на Канал 5 во средата, кога „дијалогот“ меѓу гостинот Исмет Рамадани и водителот Александар Видиновски беше прекинат откако во емисијата директно се вклучи директорот на телевизијата Иван Мирчевски кој побара извинување од Рамадани, по што ја прекина емисијата, новинарот синоќа во 



„Со Рамадани останаваме половина час насамо во нашата тнр. „црвена соба“ и разговаравме за се’ што се случи. Нормално, бев нападнат, бев навреден и ми објасни после зошто. И покрај тоа што гледам дека тоа сега многу малку е тема на дискусија и мене тоа лично ме погоди. Затоа што мислам дека времето кога се жигосуваа, кога се етикетираа новинари, е завршено, е позади нас.

Со Исмет Рамадани разговаравме детално, се заврши добро муабетот и на излегување тој мене лично ми се извини. Да објаснам – ми се извини затоа што тој мене практично ме направи албанофоб“, Видиновски.

Во емисијата „Стадион“ гости беа Иван Мирчевски, Зоран Иванов и Агим Јонуз.