„Ако Путин го спроведе планот со Украина, тој ќе запали ново огниште и можно такво огниште е и Косово. Албанците треба да ги имаат предвид сите можности, па и за воен судир со Србија, ако Путин и даде сигнал за напад. Тогаш ќе биде потребно современо оружје за косовската војска за можните борбени судири, но не само заради одбрана на Косово, туку и за овладување на долината на Западна Македонија.“ – вели политичкиот аналитичар Шериф Рамбаја во својата колумна со наслов „Балканот да се разбуди од сонот, Европа не е тоа што беше вчера!“, која ја објави косовскиот весник на албански јазик „Бота сот“.
Рамабаја пишува: „Диктаторот Путин од вчера ја смени физиономијата на Европа. Ако случајно му успее да го спроведе својот план како што замислил, откако ќе ја заврши инвазијата на Украина, тогаш тој ќе се насочи да запали уште едно огниште, за светот да нема време да се занимава со Украина и со него, руку да се ориентира кон гаснењето пожар на друго место. Како жешките точки на Путин се сметаат Босна, Косово и Црна Гора. За едно такво ново огниште на Путин му е доволно да и даде знак на Србија, која би тргнала во напад.“
„Албанците не треба да очекуваат што прават другите, туку да ги имаат предвид сите опции. Ако НАТО биде принуден да војува со Русија, Балканот останува провинција на Европа. Ние како провинција на Европа ќе се соочиме со Србија како и секогаш. Овојпат не смееме да ги повториме грешките од минатото, бидејќи имаме и редовна војска.“
„Потребно е современо вооружување за борбени судири, бидејќи не треба да го браниме само Косово, туку и да овладееме со долината на Западна Македонија.“ – заклучува Рамабаја во својата колумна.





