„По средбите во Брисел со лидерите на Западниот Балкан премиерот на Албанија Еди Рама во интервјуто дадено за ‘Балкан Веб’ се осврна и на интегрирањето во Европската Унија. Тој повтори дека Албанија ќе заземе поинаков курс, ако не се сменат нештата, нагласувајќи дека Бугарија ја зела не само Македонија како ‘заложник’, туку оти ‘заложник“ поради тоа станала и самата Албанија’ – пренесе информативната агенција на албански јазик ИНА во својата информација со наслов „Бугарија ја зеде Македонија како ‘заложник’ – Рама од Брисел: ЕУ бавно се менува, оваа ситуација не може повеќе да продолжи, ќе го смениме курсот!“
ИНА пренесува: „Во интервјуто за ‘Балкан Веб’, покрај другото, Еди Рама беше запрашан и за евроинтеграциите: ‘Добивме позитивни сигнали од синоќешната средба, што ја имавте со Борел, што се однесува до можното донесување одлука на 6.јуни 2022 година за Албанија?’
„Рама одговори: ‘Јасно е дека мислењето за Албанија е многу позитивно. Очекуваме поинаков извештај за напредокот и сме убедени оти ќе биде уште попозитивен, бидејќи многу нешта се случија и сите тие се во потребната насока. Сликата за Албанија денес е сосема поинаква од секој аспект. Албанија се смета како модел за регионот, не само овде, туку и во Хаг. Тоа е многу јасно. Што се однесува до другиот дел, ние се наоѓаме во позиција, која е позната. Ќе го чекаме и француското претседателство. Овде прашањето е со Бугарија, која ја зеде Македонија како ‘заложник’. Тоа придонесе и ние да станеме ‘заложник’ на еден голем ќорсокак, со кој ние воопшто немаме врска. Верувам дека на сите им е јасно, оти оваа ситуација не може повеќе да продолжи. Секако, веднаш ќе го смениме курсот, според ставот, кој го добивме од Националниот совет, во случај нашата земја да не премине во следната фаза и формално да не седне на преговарачка маса.“





