Албанскиот премиер Еди Рама ја искритикува заложбата на македонскиот претседател Стево Пендаровски за одвојување на Македонија од Албанија во пристапувањето кон Европска унија.



„Претседателот @SPendarovski имплицитно се залага за ‘одвојување од Албанија’? Чудно е да се слушне ова, особено кога се има предвид клучниот придонес на Албанија и на Албанците во демократскиот развој и европскиот пат на нашата пријателска соседна држава. Не звучи правилно, ниту практично чесно!“, порача Рама на Твитер.