Албанскиот премиер Еди Рама смета дека неговиот македонски колега Зоран Заев бил измамен од ЕУ која му рекла да го потпише Преспанскиот договор за да започне преговори а потоа не стоела на зборот.
Според Рама сега маневарскиот простор на Заев е никаков затоа што не може ништо да им вети на граѓаните кои ќе знаат дека тоа не е реално.
“Што има да каже Заев сега, дека ќе се отворат преговорите за 3 месеци, 6 месеци?
Тие го измамија бидејќи му кажаа направи го тоа и ќе те примиме.
Го измамија, беше принуден да има таков став кон неговите граѓани бидејќи имаше дадено збор”, изјавил вчера Еди Рама, за телевизијата Клан во Тирана.




