Рама за проширувањето на ЕУ: „Ова е тажно“

Албанскиот премиер Еди Рама смета дека заживувањето на национализмот во Европа ги попречува плановите за проширување на ЕУ



„Работите се променија во погрешна насока за сите нас“, рече Рама на конференцијата во Атина организирана од грчката влада и британското списание „Економист“, пренесува агенцијата АП.

„Некогаш ни велеа дека овој процес, процесот на интеграција, на пример, ќе го потисне балканскиот национализам насилно. Но, погодете што? Денес сме заложници на европскиот национализам. И ова е тажно. Многу е тажно”, рече Рама.