Рама вели дека е апсурдно поради бугарското вето да трпи и Албанија

Албанскиот премиер се пожали на доцнењето на започнувањето на преговорите за членство во Европската унија на денешната прес -конференција со шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лејен, која утрово пристигна во Приштина.



Рама ја нарече ситуацијата на Албанија „апсурдна“, истакнувајќи дека Бугарија го блокира почетокот на преговорите со Македонија и како резултат на тоа ја задржува Албанија.

Фон дер Лејен вети дека ќе вложи напори да ги убеди земјите од ЕУ да одржат меѓувладини конференции со Албанија и Северна Македонија оваа година.