Рама: Веќе ништо не ме изненадува од Брисел

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека повеќе ништо не може да го изненади од Брисел.



„ Мора да се каже дека пред пандемијата беше одлучено да се отворат преговорите. Потоа беше донесена одлука за одложување на конференцијата. Чекаме пред вратата на ЕУ со години и веќе ништо не ме изненадува од Брисел, бидејќи секој ден има внатрешна динамика и секој ден по некоја тешка историја“, рекол тој во изјава за француската телевизија Франс 24.

Рама ја поздрави „одлуката на ЕУ да ги отвори вратите за Албанците“, истовремено велејќи дека „направивме сериозна работа и со резултати кои беа ценети од целиот свет“.