Рама: Уставната моќ на Албанците во Македонија зависи од пописот

Албанскиот премиер Еди Рама порача дека уставната моќ на Албанците во Македонија ќе се процени врз основа на попишаниот број на пописот и преку видео-порака објавена на „Фејсбук“ ги повикува Албанците да учествуваат во пописот.



„Браќа и сестри Албанци, денес треба да бидете горди на тоа колку напредувавте во своите права во пријателска земја. Доволно е да погледнете наназад само неколку години и да видите какви чекори презедовме за афирмација на правата во таа република. Никој од вас, без разлика каде се наоѓа не треба да се откаже, не треба да биде отсутен.

Знаете подобро од кој било дека уставната моќ и одлучувањето во таа земја зависи од бројот на албански граѓани во Македонија. Вие не треба да земете пушка и да се качите на планина или да земете лопата, туку да потрошите само пет минути“, порача Рама.