Премиерот на Албанија, Еди Рама, порача дека единствениот став на САД и на сите лидери на ЕУ е враќање на Србите во институциите и распишување нови избори во Косово.



„Не е моја задача да барам чија е одговорноста. Ставот на Тирана е ист како оној на Брисел и на Вашингтон. Моменталната ситуација на северот на Косово е неприфатлива. Косовските власти треба веднаш да распишат избори, а Србите да се вратат во институциите“, е оценката на Рама.

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера изјави дека се уште не е донесена одлука за учество на косовските Срби на новите локални избори.

Тој ќе разговара со претставниците на Европската унија (ЕУ) и САД, Мирослав Лајчак и Габриел Ескобар, пред да разговара со косовските Срби.

Дозволете ми да разговарам и да преговарам, ќе разговарам за тоа во вторник“, изјави тој за ТВ Прва.

Според Вучиќ, косовските Срби би победиле на сите нови локални избори во општините во северно Косово. Според него, прашање е што ќе добијат со гласањето.

„Тие 10 години лажат дека ќе формираат Заедница на српски општини“, инсистираше тој, мислејќи на косовските власти.