Албанскиот премиер Еди Рама во четвртокот вечерта изјави дека Србија мора да го признае Косово, во неговото интервју за ТВ Клан
Според него, Србија мора да побара прошка за сите воени злосторства извршени на територијата на Косово, како и дека Албанците мора конечно да се обединат.
Тој додаде дека има добри односи со премиерот на приштинските институции, Аљбин Курти, со оценка дека нивните средби се „инспиративни“, но додаде дека двајцата се разликуваат по пристапот.
„Албанците мора да се обединат. Секако дека Курти го сака истото, но јас размислувам поинаку за патот до тоа. Мислам дека мојот пат е пократок, но Курти треба да одлучи што треба да направи Косово“, нагласи албанскиот премиер.
На прашањето дали се согласува со ставот на Курти, Рама одговори дека „не сака да навлегува во прашањето што е на рамениците на премиерот и на властите во Косово“.
Општо познато е дека имам свои идеи и свој пристап, целта е иста, мислам дека Србија треба да го признае Косово, да побара прошка и на крајот на овој процес Албанците да се обединат“, рече Рама.
Тој не сакаше да го коментира европскиот предлог, ниту изјавата на Курти дека треба помалку да му верува на српскиот претседател, кој, според Курти, е „огранок на Владимир Путин на Западен Балкан“.







