Албанскиот премиер Еди Рама вели дека спроведувањето на идејата за балкански мини-Шенген значи отстранување на границата меѓу Косово и Албанија.



Првичната идеја за „балканскиот Шенген“ потекнува од поранешниот албански премиер Фатос Нано, а тој (Рама) подоцна ја оживеа.

„Го отворив ова прашање затоа што имаше услови за тоа. Не го прифатија.

„Регионалниот Шенген значи отстранување на границата меѓу Албанија и Косово, но ќе поминат многу години пред ова да се разбере во Приштина, а Косово и Албанците ќе изгубат многу време“, изјави Рама за „Еуроњуз Албанија“.