
Албанскиот премиер Еди Рама zзборувајќи за доминантната теза на Форумот дека, поради агресијата од страна на Русија, треба да се забрза евроинтеграцијата на Украина, ако треба и со политичка одлука, рече дека, ако тоа помага, Балканските земји лесно можат да се нападнат меѓусебе!
– Гледајќи го конфликтот во Украина и нејзиниот забрзан пат кон ЕУ, се прашувам: Кој кого треба да напаѓа во овој панел за побрзо да влеземе во Европската Унија, како Украина? И си одговарам: Бугарија лесно може да ја нападне Северна Македонија без сомнение. Хрватска лесно може да ја нападне Србија, Србија – Косово, Босна може да се нападне сама себе. Ние, Албанија, можеме да бараме од Грците да нè нападнат и тие со задоволство ќе го направат тоа, Црна Гора може само да лежи на плажа. И така сите ќе бидеме подготвени да влеземе во ЕУ заедно со Украина – рече Рама.
Потоа, за да ја смири збунетата публика додаде: Мислам дека е подобро да се зборува за нормализација, во секој случај, бидејќи ризикуваме сите во просторијата да бидеме прогласени за ненормални.





