Албанскиот премиер синоќа на социјалните мрежи објави дека еден од најпознатите производители на часовници во светот „Франк Мулер” од Швајцарија пуштил во продажба специјален модел на луксузен часовник изработен од челик и црн титаниум, со ликот националниот херој на Албанците Ѓерѓ Кастриот Скендербег.
Претходно, тој објави дека еден од најпопуларните луксузни брендови „Луј Витон” пуштил во продажба чанти на кои стои албанското национално знаме, по цена од 9.900 долари.
„Нова чанта на ‘Луј Витон’ со најубавото знаме во светот“, напиша Рама за чантата.Плусинфо







