Одлуката на албанскиот премиер Еди Рама да замени повеќе од половина од министрите дојде ненајавено и без јасно објаснување.
Критики предизвика промената на албанскиот МНР, Дитмир Бушати, еден од 7 те министри министди на кој албанскиот премиер Еди Рама им заблагодари на соработката.
Албанските медиуми, коментираат дека причината за смената на Бушати е неговото противење на корекцијата на границите и размена на територии меѓу Косово и Србија.
Бушати идејата за коригирање на границите ја нарече отворање на Пандорината кутија уште кога беше првпат спомената.
Смените следеа по двенеделните студентски протести, но малкумина веруваат дека промените имаат врска со барањата на студентите.
Премиерот сега е цел на критики зашто на местото на искусниот и успешен дипломати за нов министер за надворешни работи, Дитмир Бушати е именуван досегашниот заменик министер, „младиот и неискусен косовски Албанец Гент Цакај“, пишва Б92.
За Цакај се наведува дека тој е „еден од најлојалните војници на Рама“.





