„Ние сме како Авганистанци, но Авганистанци од Европа, изјави премиерот на Албанија Еди Рама во интервју за „Шпигел“.
Запрашан за фактот дека се’ уште нема датум за меѓувладина конференција за интеграција во ЕУ, Рама рече:
„Не сме разочарани, туку само станавме пореални. Денес знаеме подобро како функционира ЕУ. Учиме од Европа како да изградиме транспарентна и демократска држава”.
Тој потсети дека во моментов има околу 1.000 Авганистанци во Албанија и дека земјата може да прими до 4.000 и тие ќе останат додека не добијат визи за Соединетите држави.
„Го правиме она што ни беше побарано од американската влада. Тие беа под притисок бидејќи имаше само неколку земји кои сакаа да прифатат бегалци”, рече Рама. “Не можевме да одбиеме! Кодексот на честа на Албанците доаѓа од средниот век. Гостопримството игра централна улога и ова важи и денес“.
Околу разочарувањето од ЕУ и доцнењето за влез во ЕУРама вели:
„Ја идеализиравме ЕУ, продолжуваме да бидеме една од најпроевропските земји на континентот. Но, денес знаеме подобро како функционира ЕУ. Учиме од Европа како да изградиме транспарентна и демократска земја“ вели Рама.







