„Албанија никогаш нема да биде земја во која богатите земји прават кампови за своите бегалци. Никогаш“, соопшти Еди Рама.



Албанскиот премиер реагираше на информцијата на британски „Тајмс“, дека во Албанија ќе се гради бегалски камп за мигранти од Велика Британија.

Реакцијата на Рама следува откако „Тајмс“ објави дека британската и албанската влада водат тајни преговори за трансфер на бегалци од Велика Британија во Албанија. (Алсат)