Албанскиот премиер а вели дека обединувањето со Косово е поверојатно ако останат без членство во Европската Унија (ЕУ).
„Обединување со Косово? Ваквите ментални игри се многу поверојатни надвор од ЕУ отколку внатре во неа“, изјаави ЕДи Рама во интервју за германскиот весник „Меркур“.
За неодамнешните тензии во северно Косово вели дека не можат да се споредат со тензиите од минатото.
„Всушност, денес поранешните противници сакаат заедно да влезат во ЕУ. Воените конфликти настануваат кога земјите се изолирани, а не во заедница“, вели албанскиот премиер.






