Прашалник до Албанците за да дадат мислење за иницијативата „Отворен Балкан“,ќе иницира албанскиот премиер Еди Рама.
По денешна седница на Владата, Рама рече дека била донесена посебна одлука за национална консултација за важни прашања поврзани со економијата, општеството и надворешните односи на Албанија, прернесе РСЕ.
„Со прашалник кој ќе го ставиме на располагање на сите Албанци, внатре или надвор од државата, ќе му дадеме живот на едно народно собрание каде што ќе го апсорбираме нивното мислење за прашање од стратешко значење за државата, за економијата, за нашето општество“, рече Рама.
Иницијативата за соработка „Отворен Балкан“ ги вклучува Србија, Албанија и Северна Македонија и предвидува слободна на движење на капитал, стоки, услуги и луѓе меѓу трите земји, но еден од најжестоките критичари на иницијативата е – Косово.
Претседателката на Косово Вјоса Османи,изјави дека земајата би размислила за приклучување кон Иницијативата, но само во случај ако Србија претходно го признае Косово.
Рама вели дека сепак постојат и луѓе кои веруваат дека создавањето на „Отворен Балкан“ ќе биде „вистинска работа“ во функција на регионалниот и поширок простор.
„Но има и други кои сметаат дека оваа иницијатива не носи придобивки, туку е на штета на Албанија и нејзините национални интереси. За ова ќе им се обратиме на сите Албанци, за до го добиеме нивното мислење“, рече Рама.







