Рама го обвини Харадинај дека лаже

Никој на самитот во Берлин не побарал од косовскиот премиер Рамуш Харадинај да ги суспендира таксите, пренесе приштинскиот весник „Коха“ повикувајќи се на изјава на албанскиот премиер Еди Рама.



.За радиот телевизија Косово, Харадинај изјавил дек на Самитот во Берлин имало притисоци од сите учесници, Приштина да ги укине 100 проценти воведените такси на производите од Србија, особено од Меркел и Макрон.

Но и од премиерот Рама, претседателот Тачи,…кои сметале дека е добро таксите да бидат суспендирани на некое време за да се даде можност за дијалог.

Во врска со ова Рама го обвини Харадинај дека се уште не сфатил дека кога нешто разговараат межусебе, тоа не се коментира во јавност.