Претставникот на надворешната политика на ЕУ, Жозеп Борел, вчера во Тирана рече дека Албанија ги исполнила условите за европска интеграција и дека војната во Украина ја прави интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ уште поитна.



Албанскиот премиер Еди Рама му реплицираше и рече дека процесот на интеграција наликува на свадба за која ЕУ се уште не е подготвена.

„Ние сме многу заљубени во Европа. Ова не прави подготвени да се венчаме во моментот кога Европа ќе каже  дека и јас сум подготвена и нема да биде доволно да каже, многу те сакам но немаме време да разговараме заедно бидејќи зборуваме за преговори за членство.

Изјави за љубов сме добиле и добиваме и ги заслужуваме затоа што заслужуваме да бидеме сакани, но нема да правиме подготовките за свадба како порано. Тие не се појавуваат, не затоа што не сакаат, туку зашто немаат време да се венчаат.

Кога ќе бидат готови, нема да има огномет, туку тоа ќе биде потрошен брак“, изјави Еди Рама.