Бугарија ја киднапирала Европската унија(ЕУ), oбвини албанскиот премиер Еди Рама.
Тој очекува негативен одговор од ЕУ за почеток на преговори.
„Изгледа како уште едно „Не, извини!“. Она што на крајот ќе го слушнеме. Целата Унија, киднапирана од Бугарија, не е добар спектакл за гледање. Што да се прави таму?“, праша Рама.
Македонскиот премиер Димитар Ковачевски, српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама одржаа вонреден состанок на „Отворен Балкан“, а во пресрет на самитот ЕУ – Западен Балкан. Тие утре ќе ја донесат финалната одлука дали ќе учествуваат на самитот ЕУ – Западен Балкан во Брисел.
Словенија во својот нов документ кој денеска го достави до ЕУ, има „магична формула“ за Бугарија да се откаже од ветото за да може да почнат пристапните преговори за Македонија и Албанија. До документот пристап имаа од Еурактив. Земјата ќе се заложи Босна и Херцеговина да добие кандидатски статус, а Косово да биде ослободено од визи за Унијата.





