Рама: Бугарија ја држи Македонија во заложништво… за свои интереси

Албанскиот премиер Еди Рама вели дека Бугарија го блокирала процесот на евроинтеграција на Македонија за свои интереси.



„Погледнете што се случува сега, во моментот кога нештата се готови – туп, излегува Бугарија и ја блокира Македонија таму. Зошто Бугарија ја блокира Македонија? А?

Ја блокира за свои интереси. Ја блокира заради своја внатрешна динамика таму и ја држи Македонија во заложништво. И, сега, ќе видите што ќе се случи, друга држава, која не затоа што не ја сака Македонија или не нè сака нас, туку затоа што нивниот народ не го сака тоа проширување, другите не сакаат“, изјавил Рама во интервју за „Визион плус“, пренесуваат медиумите.

Но, Рама оди понатаму, велејќи дека доколку Швајцарија го имаше името Албанија или Македонија и неа ли ќе и беше кажано: „не можете да влезете побрзо“.