Албанскиот премиер ја обвини Британија дека ги користи граѓаните на неговата земја како „жртвени јарци“ за нејзината неуспешна имиграциска политика, откако британските министри дадоа омаловажувачки коментари за зголемувањето на бројот на албанските баратели на азил, објави Ројтерс.



Британија ќе враќа Албанци кои нелегално влегле во земјата

Еди Рама рече дека Британија погрешно ги обвинува Албанците „како причина за криминалот и проблемите со границите“ и ја нападна „безумната“ реторика.

Во серија објави на Твитер, Рама рече дека британската „реторика за криминал“ завршила со „казнување на невините“, вклучително и бизнисмени и вредни Албанци кои плаќаат даноци во Британија.

Неговите коментари дојдоа како одговор на тврдењата на британските министри дека Албанците стојат зад напливот на пристигнувања со мали бродови преку Каналот и дека многумина се вмешани во организиран криминал и сакале да ги злоупотребат британските закони за модерно ропство.

Британија: Банда Албанци киднапирале маж и барале 400.000 фунти откуп

Албанците сочинуваат 42 отсто од луѓето кои со мали чамци меѓу мај и септември оваа година, влегоа во Британија покажуваат бројките на британската влада.

Годинава, Британија потпиша договор со Албанија за протерување на албански граѓани кои немаат право да останат на островот, а британската влада изјави дека сака да најде начин да го забрза процесот на обработка на барањата за азил од Албанците и да ги врати доколку е неопходно.