Рама: Браќа Македонци и Албанци, прифатете го новиот француски предлог!

Албанскиот премиер Еди Рама попладнево се огласи на Твитер, порачувајќи дека последниот француски предлог, кој е испратен до владата на Северна Македонија, е конечен, како и дека „неговите браќа Македонци и Албанци во Северна Македонија“ треба да го прифатат.



-Последниот француски предлог, кој воедно е и конечен, ѝ дава можност на Северна Македонија за безусловен пристап и го отвора патот за официјален почеток на преговорите за членство на двете земји во Европската Унија! Им велам на браќата Македонци и Албанци во Северна Македонија: Прифатете!