Албанскиот премир Еди Рама , побара објаснување зошто на официјалната веб-страница на Обединетите нации е објавена изјавата на Гутереш со која се поздравува договорот во Охрид, но во ниту еден случај не се споменува Косово како држава.
Рама прашува „дали се работи за грешка или лапсус и бара итно објаснување“, пренесува МИА..
„Белград и Приштина“?! Сериозна грешка или лапсус!? – вели Рама.
Официјално име е „Договор за нормализација на односите Косово-Србија“ и би било неприфатливо доколку генералниот секретар намерно не го употреби точното име. Ве молам дадете веднаш објаснување“, пишува Рама во врска со соопштението за средбата од 18 март меѓу Албин Курти и Александар Вучиќ во Охрид, на која беше постигнат договор за Анексот за спроведување на Европскиот план за дијалог, но без потпис на странките.






