Рама: Албанија му нуди струја на Косово за новогодишните празници – рестрикции подолги од два часа

„Не можеме, а да не го поделиме она што го имаме.’ – му порача албанскиот премиер Еди Рама на Косово, нудејќи му електрична енергија за новогодишните празници.“ – објави ТВ 21.

ТВ 21 пишува: „Откако изрази загриженост во врска со енергетската криза во Косово, Рама на Твитер напиша дека побарал од Министерството за енергетика да ја рагледа секоја можност за помош на косовската Влада, со цел ниту едно семејство во Косово да не остане без струја за новогодишната ноќ и празниците.“

‘Не може да не поделиме со Косово онолку колку што имаме. Со сериозна загриженост ја следам состојбата таму. Ќе ја разгледаме секоја можност на семејствата да не им недостига електрична енергија за новогодишните празници’ – напиша Рама. Тој додаде дека бранот на енергетската криза и се заканува на секоја земја, но без оглед на тоа „постојните можности не може да не ги подели и со Косово”.

Информативниот портал „Ин.Лајми“ јавува: „Од 22.декември потрошувачите на Косово се воведени двочасовни рестрикции во снабдувањето со електрична енергија. Но, редукциите се многу подолги, поради преоптовареност на електромрежата. Според официјалните претставници на косовската компанија за дистрибуција на електрична енергија, Косово моментно произведува од 600 до 800 мегавати струја за еден час, а потрошувачката достигнува до 1400 мегавати на час.“

„Од 69 евра за еден мегават, колку што беше цената на струјата во минатото, сега во овој период цената на еден увезен мегаватчас достигнува до 600 евра.’ – рече Виктор Бужала, портпаролот на косовската дистрибуциска компанија. Владата на Косово постојано бара од граѓаните да ја штедат струјата.“