Рама: Ако пукне во Косово…

„Реториката на лидерите на Косово и Србија го води северот кон оружен судир меѓу српските групи и специјалните сили на косовската полиција”, изјави албанскиот премиер Еди Рама, загрижен за состојбата на северот на Косово.



Според него доколку се случи оружен конфликт дури и за три часа, тогаш целиот балкански регион ќе направи многу чекори назад.

„Се наоѓаме во услови кога деградацијата на ситуацијата на северот каде што препукувањата меѓу двајцата лидери, Курти и Вучиќ, од час во час се зголемуваат во сериозен ризик од фатален оружен судир меѓу групите кои дејствуваат на северот на Косово и безбедносните сили, што би било катастрофа во која меѓу нив би бил вмешан и КФОР – рекол Рама, јави Euronews Albania.

Оценува дека „судир кој и да трае три часа, а не три дена или три недели, би се покажал фатален за сѐ што е направено овие години, со напори и иницијативи на Западен Балкан под капата на Берлинскиот процес”…