„Се надевам дека исходот од расправата во Собранието на с. Македонија ќе биде позитивен. Ако е така, конференцијата сигурно ќе биде свикана наскоро.
Ако не биде позитивен, веќе следниот ден ќе побараме одвојување на Албанија“ изјави вчера албанскиот премиер Еди Рама.



Дефинитивно сме убедени дека Албанија треба да ги започне преговорите со ЕУ оваа година без одлагање или дискусија, вели Рама.

„Сега да го почекаме крајот на оваа маратонска дебата, која се очекува да се одржи во парламентот на Македонија“, рече Рама на заедничката прес-конференција во Валона со европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархели.

Во понеделникот, координаторот на пратеничката група на владејачката Социјалистичка партија на Албанија и генерален секретар на партијата, Таулант Бала, рече дека првата меѓувладина конференција со Албанија „и се надеваме и со Северна Македонија“ ќе се одржи следната недела, 19-20 јули.